Текстилниот кластер во Штип брои 126 заразени со коронавирус, над 500 се во самоизолација

Во текстилниот кластер во Штип има 126 позитивни случаи на коронавирусот, а за 40 работници се чекаат резултатите од масовното тестирање во седумте штипски конфекции. Директорката на Центарот за јавно здравје-Штип, Марија Димитрова на денешната прес-конференција истакна дека во ова тестирање биле опфатени над 800 работници.

Според нашите анкети кои ги почнавме на 24 мај, со првиот позитивен случај во конфекција е дека она што го заклучивме досега и се уште се работи на анкетирање лицето, кое прво бешe позитивно и понатаму лицата кои се појавуваат позитивни, е дека остварувале контакт за време на работен процес, за време на пауза, за време на слободни дружења после работа и за време на патување во автобус, вели Димитрова.

Работниците кои имаат позитивни тестови не смеат да одат на работа, додека не добијат два негативни тестови, остануваат во домашна самоизолација и на 14-тиот ден им се прави прв тест, а по 24 часа ако им е негативен се зема вториот брис.

Досега имаат откриено пет кластери, но се појавуваат нови случаи и постојано се врши анкетирање и се лоцираат контактите, за да се спречи ширењето на заразата. Димитрова смета дека ситуацијата со коронавирусот ја држат по контрола.

Ситуација во најголем процент ја држиме под конторола, околу 90 отсто ни е под контрола. Имаме случаеви секојдневно на појава на нови за кои се вршат анкети денеска. Анкетирањето што го прваиме или појавата на новите случаи е работа, што не може да престане. Новите случаи кои се појавија треба да ги анкетираме денеска, вели Димитрова.

За разлика од порано кога населението имаше отпор за тестирање и покрај тоа што има асимптоми не се јавуваа на матичен лекар за да побараат тестирање на пунктовите, сега оваа ситуација се смени, па поради зголемениот интерес за тестирање е побарано да се зголеми бројот на пациентите, кои се пријавуваат на „МојТермин“.

Реагирано е од страна на Центарот за јавно здравје да се дозволи преку „МојТермин“ на матичните лекари да пријавуваат лица кои треба да се тестираат и тоа веќе е одобрено. Моментално има многу лица кои сакаат да се тестираат. Тоа е причината што „МојТермин“ и покрај тоа што се зголеми бројката не може да одговори на сите лица, кои сакаат да се тестираат, вели Димитрова.

Таа истакна дека над 500 лица се ставени во самоизолација.

Денонокно анкетираат пет лица и се обидуваат да ги откријат сите контакти на заразените. Има заразени и во други институции. Тоа што со труд го направивме е да ја стабилизираме ситуацијата моментално, сите лица кои се позитивни се ставени во самоизолација и нивните семејства и контактите, кои тие ги остваруваат, вели Димитрова.

Забележува дека бројките кои се појауваат во здравствениот билтен се совпаѓаат со тоа што тие го тестираат на терен, ако тестираат повеќе ќе имаат нормално и повеќе позитивни случаи, а денешниот број на позитивни од Штип е во истиот сооднос со тестираните, а тој процент се движи од 10 до 15 отсто позитивни од вкупната бројка тестирани.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста