Жителите на Доброшинци бараат решение за депонијата „Шапкар“

Депонијата Шапкар гори постојано откако е отворена – се жалат жителите на струмичко Доброшинци. Неподнослива е секојдневната смрдеа и чад, а луѓето не можат да работат на своите ниви, кои се полни со отпад. Велат свесни се дека депонија на друго место во струмичко не одговара, но бараат од Комуналец соодветно да ја врши работата и да престане да ги обвинува нив за палењето.

Од Комуналец пак, вината ја префрлуваат на несовесните собирачи на пластика, кои влегуваат во депонијата со цигари. Механизацијата тврдат работи на задушување и тампонирање на ѓубрето, но депонијата постојано гори и чади. Чувари на депонијата има, но нема камери и струја па не можат да видат што се случува навечер.

На депонијата се собираат огромен број на кучиња скитници кои таму се хранат, а потоа се движат низ селото. Жителите револтирани велат дека доколку Комуналец не преземе соодветно решение за овој проблем, ќе го блокираат магистралниот пат.

Дијана Тасева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста