Почина големиот Кисинџер на 100 години

Почина големиот Кисинџер на 100 години

Поранешниот државен секретар на САД, Хенри Кисинџер, кој имаше клучна и поларизирачка улога во американската надворешна политика за време на Студената војна, почина на 100 години во својот дом во Конектикат.

 Тој служеше како главен дипломат и советник за национална безбедност во администрациите на Ричард Никсон и Џералд Форд.

Иако ја напушти Белата куќа во средина на 1970-тите, Кисинџер продолжи да советува генерации лидери во следните децении.

Роден во еврејско семејство во Баварија во 1923, тој имал 15 години кога неговото семејство избегало од нацистичкиот прогон и се преселило во Њујорк. По дипломирањето и докторирањето, почнал да предава на Универзитетот Харвард, а во политиката влегол во 1969, кога претседателот Никсон го назначил за советник за национална безбедност, функција која му даде големо влијание во американската дипломатија.

Во неговите осум години како советник за национална безбедност и државен секретар, САД конечно ја завршија војната во Виетнам, ги почнаа односите со Кина и помогнаа да се стави крај на блискоисточната војна помеѓу Израел од една и Египет и Сирија од другата страна. Неговите напори ги поставија основите на шатл дипломатијата и во 1973 година ја доби Нобеловата награда за мир заедно со северновиетнамскиот политичар и дипломат Ле Дук То, кој одби да ја прими.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста