Завршни зборови за „Ласкарци“

Завршни зборови за „Ласкарци“

Во Основниот Кривичен суд Скопје денеска треба да се одржат завршни зборови за случајот „Ласкарци“ кој се однесува на автобуската несреќа што се случи во февруари 2019 година и во која загинаа 16 лица и околу 30 беа повредени.

Завршни зборови денеска треба да даде Јавниот обвинител, потоа и одбраната на обвинетите, по што Судот ќе треба да закаже објава на пресуда.

Обвинети во случајот за несреќата кај Ласкарци се Дурмиш Белули, сопственик на компанијата „Дурмо турс“, одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари и возачот на автобусот, Маноил Трифуновски, кои се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Додека, тројцата вработени во станицата за технички преглед, Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски, се товарат за соучество во истото дело.

Судењето започна во 2019 година и трае четири години.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста