Затворениот пливачки базен во Струга остана само пуста желба на стружани

Затворениот пливачки базен во Струга остана само пуста желба на стружани. Објектот е реконструиран, ама само на информативната табла поставена пред руинираниот и запуштен базен кој не фунционира цели 18 години. Градежните активности на базенот беа најавени од страна на Агенцијата за млади и спорт како ивеститор,пред точно една година.

  • На 31 октомври 2019-та беше најавена реконструкцијата на пливачкиот базен како еден од најголемите проекти на Агенцијата за млади и спорт. Но за една година, успеале само да го оградат просторот и ништо повеќе, не е обезбеден ниту пристапен пат до базенот.

Со срушени ѕидови,базенот сега е во уште по очајна слика од пред една година кога го подзачистија, за пред камери да го промовираат проектот, а сега запуштен и обраснат во трње зјае од сите страни послан со смет и градежен шут.Останаа само празните ветувања на тогаш актуелниот директор на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски, дека до крајот на годинава ќе заврши рекострукцијата која чини 30 милиони денари.

  • Денеска правиме вовед во градба за реконструкција на пливачкиот базен во Струга, нешто што е долго најавувано и нешто што го ветивме и со владината програма,се со цел овој базен да биде ставен во фунција и секако од наредната веќе крајот на 2020-та и почеток на 2021-ва година да биде ставен во функција – рече Дарко Каевски-Агенција за млади и спорт од 30.10.2019 .

Иако базенот стружани со години го посочуваат како еден од главните приоритети,не само што Струга не блесна во вистински сјај туку деновиве градот се соочува со опасноста да го изгуби и најзначајниот белег на градот, струшкото пливалиште.

Како што Алфа веќе информираше,без дозвола за градба Пливачкиот клуб  “Струга” ангажира градежна механизација за да го прокопуваа и тампонираа пливалиште,со цел да направат базен.Градежните работи се одвиваат веќе 4 дена, а инспекторите никаде ги нема. Ова го навлече гневот на стружани кои ќе покренат граѓанска иницијатива и за случајот ќе поднесат соодветна пријава до полицијата, судот и надлежното обвинителство.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста