Започна полагањето на државна матура-матурантите задоволни од договореното со надлежните

15.294 матуранти денеска го започнаа полагањето на државната матура. Денеска учениците полагаа мајчин јазик, како еден од двата задолжителни екстерни испити.Задоволни од процесот се и во Сојузот на средношколци, кои после протести и бојкот, успеаја да ги убедат надлежните на ваков концепт на матура.Договорот што го постигнале велат, се испочитувал.

Министерката Мила Царовска, вели дека полагањето било успешно,но и дека како држава, сме покажале дека можеме да имаме образование кое во континуитет се одвива цела учебна година.Но, за тоа што не чека од септември, каков концепт на настава,според надлежните имало време да се размислува.Сеуште немале идеја.

Средношколците веќе се изјаснија дека од следната учебна година, сакаат да се вратат во училиште.Според нив, онлајн наставата се покажала како хаотична и неорганизирана и сето тоа на штета на учениците.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста