Заев се уште нема избрано своја замена- СДСМ ќе чека до последен момент за технички премиер

На една недела пред именувањето идниот премиер нема да знае дали ќе ја води владата. Заев се уште не може да се одлучи кој ќе го замени од 3 јануари. На само две недели до формирањето на техничката Владата, се уште не се знае кој ќе ја води. Иако одлуката требаше да биде донесена пред една недела, па вчера, сега ќе се чека до крајот на следната седмица, вели лидерот на владејачката СДСМ и премиер, Зоран Заев.

Во јавноста веќе подолго како најсериозен кандидат се појавува министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, а пред неколку дена Заев ја спомена и министерката за труд и социјала, Мила Царовска, која од 3 јануари го напушта своето министерско столче.

Премиерот не открива кои се тактичките причини поради македонија ќе биде единствена земја на светото која на една недела пред преземање на функцијата ќе дознае кој ќе биде премиер.

-Од тактички причини одлуката ја одложивме за крајот на следната недела. Ќе не разберете затоа што овде се прави договор меѓу власта и опозицијата. Ние не би сакале да истрчуваме со какви било мерки. Имаме доволно време да размислиме. Се работи за избор на премиер за 100 дена од 3 јануари се до изборите и до формирањето на идната влада, изјави Заев.

Иако одамна ги засиили своите активности  на социјалните мрежи и медиумите  Оливер Спасовски се уште  одбива да каже дали подготвен и дали тој ќе биде техничкиот премиер, на иста бранова должина со него и Царовска.

-Дискусиите се водат таму каде што треба да се водат и кога ќе се донесе одлуката јавноста ќе биде запознаена, изјави Царовска.

Во владата не е само новиот шеф она што останува непознаница. Поради други најверојатно тактички причини СДСМ и ДУИ го продолжуваат судирот околу новиот изборен модел со една изборна единица. И покрај најавата на спикерот Џафери дека нема да има време за дебата во Собранието, Заев убедува дека до истата може да дојде.

СДСМ ваквиот модел го ветуваше во предизборната кампања во 2015 година, но за негова имплементација чекаше цели три години, кога најверојатно веќе е предоцна.

-Ниту сакаме, ниту имаме право, ниту треба да се откажеме. Јас сум свесен дека со ваков огромен број на амандмани и од ВМРО-ДПМНЕ и од ДУИ, тоа буквално изгледа невозможна мисија. Но, тоа дава можност и за дијалог, за разговори и за се, изјави Заев.

Инаку, дека нема време за промена на изборниот модел за изборите закажани за 12 април, неколку пати предупредуваше и ОБСЕ, но Заев сепак барем пред медиумите останува решен дека имало време.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста