Заев по старо, бара избори на пети jули, Деркоски – Невозможно е изборните дејствија да се спроведат за 22 дена

125 новозаразени и 7 починати од корона за Заев не е доволна причина за продолжување на вонредната состојба.И натаму инсистира за избори на 5 јули. Во изјава за Вечер вели дека до сега вонредната состојба била продолжувана заради економските мерки за помош на граѓаните и стопанството. Немало потреба од четврти сет мерки бидејќи третиот ќе се спроведувал до есен.

“Зоран Заев-Претседател на СДСМ-Нема никакви причини владата да бара нова вонредна состојба. Нема ни основ како да ја оправда. Затоа и роковите за избори остануваат онака како што е уставно и законски пропишано, а тоа е 22 дена од завршувањето на вонредната состојба, односно на петти јули”, смета Заев.

Од друга страна претседателот на ДИК Оливер Деркоски за Алфа вели дека не може да се зборува за петти јули или друг термин без прочистен избирачки список и без највисокиот изборен орган да има доволно време да ги спроведе изборните дејствија.

“Мојот став е идентичен во континуитет. За изборните дејствија се потребни 35-50 дена без разлика дали збориме за 5 јули или друг термин. За 22 дена тоа е невозможно. Избирачкиот список мора од почеток да се преработи. Датумот за избори не се определува со уредба со законска сила. Тоа треба да го определи претседателот на собрание со решение без разлика дали е резултат на лидерите на партиите. Ако пред завршувањето на вонредната состојба биде одреден датум кој за неколку дена варира од минималните 35 дена ДИК ќе се потруди да ги исполни сите задачи, но нема да може да гарантира дека се е спроведено според прописите”, потенцира Дееркоски.

Опозицијата пак и натаму изборите не ги гледа како приоритет. Здравјето на граѓаните треба да биде во преден план.

“Ставот на сите одговорни во државата треба да се води од стотиците новозаразени од смртоносниот вирус а не од политички позиции. За жал СДСМ во владата зазема став со политичка позадина”, изјави Иванка Василевска од ВМРО-ДПМНЕ.

Еврокомесарот Вархеји во дијалог со Мицкоски и Заев ќе се обиде да ги приближи ставовите. Од ВМРО-ДПМНЕ потврдуваат дека во фокусот на телефонскиот разговор на лидерот на партијата и комесарот ќе биде состојбата со корона вирусот како прв услов за консензус за датум за одржување избори.
ДУИ пак освен предлози за гласање три дена, пензионери, луѓе во изолација па сите останати има и други приоритети. На голема врата ја промовираат идејата за премиер Албанец.

“Првиот премиер Албанец ќе биде премиер на сите. Премиер наљ еднаквост , работни места, еднакви плати, премиер на еднаквите права и неселективна правда”, вели претседатењлкот на ДУИ Али Ахмети.

Одлуката за тоа дали ќе има нова вонредна состојба Пендаровски се очекува да ја донесе по седницата на советот за безбедност. Од тоа во голема мера може да зависи и изборниот датум.

Градимир Марковски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста