ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ посакува избори на 5-ти јули, а ние имаме јасен став дека пред се е потребно да се заштити здравјето на граѓаните

Артан Груби од ДУИ во вечерашното гостување на ТВ 24 рече дека се надева дека сите партии ќе учествуваат на избори на 5 јули.

-Ставот на ВМРО-ДПМНЕ беше 15-ти јули, а 5-ти јули е наше компромисно решение. Сметам дека сите ќе учествуваат на изборите затоа што не можат да си дозволат луксуз да не одат на избори, кои се всушност признаени од институциите и се под мониторинг на ОБСЕ и ОДИХР, рече Груби.

Во одговор за НЕТПРЕС, од ВМРО-ДПМНЕ посочија дека нема да коментираат неточни изјави, но она што е точно е дека ДУИ посакува избори на 5-ти јули, а не во средината или на крајот од месецот, бидејки стравува од волјата на албанската дијаспора која масовно се враќа во Македонија. Притоа потенцираа дека ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија од почетокот има јасен став дека пред се е потребно да се заштити здравјето на граѓаните и да се обезбедат минимум услови за фер и демократски изборен процес со квалитетен мониторинг.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста