Демонстрантите во САД го сметаат Кристофер Колумбо за симбол на геноцид врз Индијанците

 

Статуи на Кристофер Колумбо и поранешниот претседател на Конфедеративните Американски Држави беа урнати за време на протестите против расизмот и полициската бруталност, кои продолжија во сојузните држави во САД. По повиците, да се уриваат статуи поставени во сеќавање на колонизатори и робовладетели, синоќа во Бостон беше „обезглавена“ статуата на Колумбо, кого демонстрантите го сметаат за симбол на геноцид врз Индијанците.

Статуа на Колумбо, исто така, беше вандализирана и во центарот на Мајами, додека во неделата неговиот споменик беше фрлен во езеро во Ричмонд, Вирџинија.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста