Заев ја споменувал ќерка си во преговорите со Ципрас
И ќерката на Зоран Заев, Александра за малку ќе била дел од компромисот кој доскорешниот македонски премиер го направил со неговиот поранешен грчки колега Алексис Ципрас околу спорот за името. Во интервју за Телевизија 24 Заев на шега го прераскажа разговорот со Ципрас кој го имале во пресрет на потпишувањето на Преспанскиот договор. Иако е нејасна причината поради која чувствуваше за потребно да изнесе пикантерии во кои се споменува неговата ќерка. Кога речиси се било договорено и ставовите за главните прашања биле усогласени се појавил нов проблем. Ципрас му рекол дека проблемот бил неговата убава ќерка која тој ја видел во грчките медиуми. Но Заев и за тоа имал решение. Размена ќерка за грчки остров.
“По саат време разговор вели Зоран уште еден проблем имаме. Кој проблем, нов проблем реков. што е проблемот. Ми вика имаш убава ќерка.Јас му викам а ти син да не имаш. Ми вели два имам. Му велам еве го бре Алексис ќе го постигнеме сега договорот. Малку ќе попуштите вие, јас ќе ја дадам ќерката. Ние немаме море ќе дадете еден остров. Така да полека ќе го најдеме решението”, изјави Заев.
Екс премиерот и актуелен лидер на СДСМ повеќе пати во минатоото беше во центарот на вниманието со различни изјави. Беше прозиван за непримерни потези, искази, навреди. За последната изјава за неговата ќерка засега молк. Алфа се обиде но не успеа да добие одговор од неколку активистки кои во минатото застануваа во одбрана на правата на жените.
Градимир Марковски