Божиќна честитка од МПЦ: Да ја чуваме верата, за да можеме достоинствено да живееме и да напредуваме како народ

„Христос се роди, навистина се роди “ – со овие зборови православните верници утрово си го честитаа најголемиот христијански пазник Божиќ. Во храмовите се служеше Златоустова литургија, се палеа свеќи за здравје во семејството и бериќет во домот. Верниците кои се придржувале кон божиќните пости, денеска се причествуваа со нафора која им ја делеа свештениците.

Главното чествување се одржа во Соборниот од каде, преку Божиќно послание, архиепископот охридски и македонски Г.Г. Стефан и членовите на светиот архиерејски синод им посакаа на сите верници мир и благослов од Бога. Да ја чуваме и живееме верата, за да можеме достоинствено и со радост да живееме и напредуваме како народ, порачаа од МПЦ, оти само во слога и единство може да се брани и одбрани своето, достоинствено и со подигната глава.

За верниците, Божиќ е празник на најголема радост – се посетуваат храмовите, со молба кон Бога за здравје и бериќет. Денот го минуваат со најблиските, на богата трпеза во домот на постарите, каде децата и внуците доаѓаат да посакаат среќа и радост во текот на целата година.

„Да се научиме да живееме духовно, во смирение, со меѓусебна љубов и разбирање“, порачаа христијанските верници.

Биљана Божиновска

Advertisements

Поврзани вести