Забрана за Трамп да настапи на претседателските избори во Колорадо

Забрана за Трамп да настапи на претседателските избори во Колорадо

Поранешниот претседател Доналд Трамп не може да учествува на претседателските избори во сојузната држава Колорадо следната години, одлучи највисокиот суд на државата. Како причина за ваквата одлука е наведена улогата на Трамп во нападот што неговите поддржувачи го извршија на американскиот Капитол на 6 јануари 2021 година.

Одлуката се однесува само на републиканските прелиминарни избори во државата на 5 март, но нејзиниот заклучок најверојатно ќе влијае и на статусот на Трамп за општите избори на 5 ноември.

Трамп вети дека ќе ја обжали пресудата до Врховниот суд на САД, а судот во Колорадо најави дека ќе го одложи дејството на својата одлука најмалку до 4 јануари 2024 година, за да дозволи жалба. Доколку случајот биде однесен пред Врховниот суд на САД, паузата ќе остане во сила додека тој случај не се реши.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста