МВР со 13 милиони евра од буџетот за нова опрема и возила

МВР со 13 милиони евра од буџетот за нова опрема и возила

13 милиони евра од Буџетот на МВР се издвоени за униформи, техничка опрема и возила, соопшти министерот Спасовски.

„Единицата за обука и поддршка беше опремена со 6 возила и опрема за справување со нарушен јавен ред и мир.

Со цел модернизација на Хеликоптерската единица за полициски намени извршен е генерален сервис на летала, инсталирана е најнова дигитална комуникациска и навигациска опрема, ведро за гаснење на пожари, како и систем за гаснење на пожари.

За потребите на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ извршена е набавка на интервентни возила, рачни радиостаници, тактички комплети.

За Единицата за брзо распоредување набавени се транспортни комбиња, интервентни возила за јавен ред и мир, рачни радиостаници“, вели Спасовски.

Дополнително опремена е механичарската работилница на Единицата, а средства се издвоени и за потребите на Граничната полиција. Модернизиран е и возниот парк на СВР-ата со нови 20 интервентни комбиња. Со ова, според Спасовски, целосно е задоволена полицијата за остварување на целта – безбедноста да биде на највисоко ниво во целата земја.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста