За вакцини ќе почекаме, ивермектин од следната недела во аптеките

По неколку месечна полемика во јавноста и во стручните кругови за лекот кој влева надеж кај болните од Ковид, ивермектинот најверојатно по празниците ќе се најде во рафтовите на аптеките во Македонија.

Од Агенцијата за лекови се внимателни – поради локдаунот во повеќето европски земји, лекот ќе пристигне најверојатно по божикните празиници. Инаку, Малмед минатата недела даде одобрение за увоз на ивермектин, а сега работата е во рацете на компаниите на фармацевтските куќи кога ќе можат да го донесат лекот.

Лекарите уверуваат дека досегашните сознанија за лекот немаат посериозни несакани дејства, но препорачуваат да се дава на рецепт издаден од матичен лекар.

“Не сакани ефекти се стварно ретки и користен на 3 и пол билиони луѓе. Значи се дава за шуга конкретно а и кај кучиња се користи во ветеринарната медицина за празити.Предности му се дека е безбеден лек, многу испробан во последниве години ефтин и лесно достапен. Би се користел не само како терапија за ковид туку и за профилакса за ковид.” – вели д-р Горан Трајковски, специјализант по интерна медицина во Германија.

Ивермектин влезе и во протоколите на Пулмологија што ќе важат и за ковид центрите во интерните клиники. Овој стар и евтин лек според стручните лица ќе значи скратување на времетраењето на болеста и спречување на смртноста. Македонските граѓани досега го набавуваа лекот од соседна Грција и Бугарија каде една кутија чини околу 20 евра.

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста