Животот после Ковид19 нема да биде ист

Дали животот после ковид-19 ќе биде ист? Никој не знае. Пандемијата го промени од “корен” начинот на живот на каков што луѓето беа навикнати. Од нација навикната на дружби и богат социјален живот станавме нација на осамени луѓе. За дружби, кафеани, дискотеки, родендени, свадби  – заборавивме. Граѓаните ни среќни ни несреќни – за измината година велат никогаш да не се случи, а она што им најмногу им фали е “живот”.

Стравот од заразување, но и стравот од пренесување на болеста на најблиските, ограничувањето на социјалните контакти, изолацијата, но и загриженоста за егзистенцијата поради претстојната економска криза предизвикана од пандемијата се ризик фактори кои може да го нарушат менталното здравје, алармираат психолозите. Психологот Ана Фрицханд вели промената на секојдневнието ќе остави последици.

Веќе се забележуваат ти промени дека различно реагираат , некои поединци реагираат прилично нервозно , напнати се избувливи се..други се депресивни во своите реакции па дури да може да оди и до степен на безнадежност, иако јас не би сакала да верувам дека има некој што е дојден до степен до безнадежност. Реалноста е таква што од една страна најдобро би било да ја прифатиме ситуацијата и да се избориме на најдобар можен начин и да останеме функционални за да не бидат последиците прилично негативни. ” – вели проф. д–р Ана Фрицханд – психолог.

Има и такви кои што прилично успешно се справуваат со новата “нормалност”, вели Фрицханд. Но, загрижува порастот на анксиозноста меѓу луѓето.

Има пораст некаде околу 30 отсто на анксиозно и депресивни состојби.Ја гледаме веќе промената ги има разликите споредено со пред пандемијата. Мојот приод секогаш во животот е секогаш да се извлече максимално најдоброто од секоја ситуација.Колку и ова да трае нема вечно да биде, се е до преспективата.” – изјави проф. д–р Ана Фрицханд – психолог.

Новата надеж е вакцината таа треба да ни го врати стариот начин на живот. Но додека да се вакцинираме ќе носиме маски, држиме растојание и користиме социјални мрежи за да бидеме во контакт со најблиските.

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста