За ДУИ сега е спорна формата на резолуцијата, Mицкоски уште еднаш повика сите да се обединат околу документот

Прво бараше да се напише од почеток, а потоа за ДУИ не била спорна содржината на текстот со кој ВМРО-ДПМНЕ бара национално обединување. Ако категорично одбиваа како партија која е дел од власта да прифатат текст без консензус, министерот Бујар Осамни сега најавува дека партиските органи на ДУИ ќе излезеле со целосна поддршка. Што го натера првиот дипломат за само еден ден да ја смени цврстата позиција за Резолуцијата за македонските црвени линии, па ретерираше од своите ставови.

Опозицијата се сомнева дека власта можеби манипулира, со тоа што СДСМ јавно ќе ја подржува, а ДУИ ќе биде таа што ќе ја кочи резолуцијата. Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски во гостување на Алфа порача дека очекува сите парламентарни политички парии да ја поддржат Резолуцијата која ги брани македонските црвени линии.

Албанскиот блок партии наместо поддршка за документот кој ќе значи заштита на посебноста на македонскиот јазик, идентитет и историја најавуваат свои радикални барања. Алтернатива на Гаши веќе условува за да биде прифатена Резолуцијата во целост треба да биде отворен Уставот и во него да се вметнат албанските позиции. Од Алијанса на Села пак се уште немале став. Претседателството на партијата допрва ќе разговарале на оваа тема.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ резолуцијата и официјално ја поднесе до Собрание. Иако текстот на документот веќе е на маса кај собранискиот спикер, Талат Џафери се уште не го видел. На дневен ред на седница ќе го ставел ако ги исполнува деловничките услови.

Ивана Соколовиќ Најдова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста