Ќе излезат ли македонските граѓани на изборите на 24-ти април и осми мај?!

Ќе излезат ли македонските граѓани на изборите на 24-ти април и осми мај?!

Голема излезност на изборите и 24-ти април и на осми мај. Ова се очекувањата на познавачите, со оглед на ситуацијата во која се наоѓа Македонија. Според новинарката Ивона Талевска, граѓаните масовно ќе излезат да го дадат својот глас за подобро утре на државата.

-Таа сигурно ќе биде многу поголема на осми мај, бидејќи парламентарните избори секогаш по дифолт предизвикуваат поголем интерес кај граѓаните да се изјаснат за предложените кандидатски листи. Очекувам граѓаните да решат за својата иднина, за сопственото добро, за својата иднина бидејќи Македонија веќе навистина нема време за чекање. Очекувам дека граѓаните масовно ќе излезат да решат за сопственото подобро утре, за подобро на сопствените деца, изјави Талевска.

Дека ќе има голема излезност смета и политичкиот аналитичар Петар Арсовски. Според него поминало времето на ковид пандемијата, па сега ќе имало граѓаните масовно ќе гласале и во првиот круг на претседателските избори, но и уште помасовно на парламентарните.

-Последните податоци покажуваат дека треба да очекуваме малку поголема излезност од обично. Што е право ние се навикнавме на релативно ниска излезност после кризата со ковид и сега можеби се враќаме на некаква нормална излезност. Над 850.000 гласови очекувам во првиот круг за претседателските избори, а над 950.000 очекувам за парламентарните избори, изјави Арсовски.

Според Арсовски, проблем може да биде вториот кург од претседателската трка, бидејќи таму нема да има кандидат Албанец, па тоа можело да ги демотивира албанските гласачи да гласаат за избор на претседател.

-Имајќи предвид дека двата поголеми албански блока побараа да се избира претседател во Собрание, а двете поголеми македонски партии тоа го одбија. А во вториот круг нема да влезе ниту еден албански кадидат, ќе биде тешко за албанските партии, дури и со некаков договор со некоја од македонските партии да ги натераат своите гласачи да гласаат за претседател во вториот круг, изјави Арсовски.

Талевска е на ставот дека нема да има проблеми во вториот круг, дека црната кампања може да влијае  негативно.

Досегашната кампања тече во релативно фер и демократска атмосфера, иако не можеме да ги занемариме говорите на омраза и навредите кои што доаѓаат од владејачката гарнитура, од која што досега тие воопшто не се оградија. За жал, оваа кампања е на автоголови на СДСМ и на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски. И тоа ќе даде соодветен негативен резултат и на претседателските избори и на парламентарните избори, изјави Талевска.

Првиот круг претседателски избори ќе бидат на 24-ти април, додека вториот заедно со парламентарните ќе бидат на осми мај.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста