Возможно само во Македонија: За Османи опозицијата, а не власта била виновна за лошиот извештај на Европската комисија

Возможно само во Македонија: За Османи опозицијата, а не власта била виновна за лошиот извештај на Европската комисија

Возможно само во Македонија. За власта опозицијата била крива за европското фијаско, ова ни го порача министерот за надворешни работи Бујар Османи. Иако, СДСМ и ДУИ на власт се веќе седум години, не биле тие виновни за негативните оценки од Европската Комисија, пред се во однос правосудството и корупцијата, туку опозицијата била таа која блокирала во Собранието па поради тоа сме добиле вакол лош извештај. 

-Значи во една каузална терапија го лекувате проблемот, а не симптомот. Ова што гледаме како детектирани слабости се симптоми на една причина, а причината е политичката поларизација, односно обидот да се ставаат партиските интереси над државните. Гледате дека се е она што се вика„zero sum game“, мора јас да добијам се и на штета и на државата, изјави Османи.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ велат дека со овој извештај се докажува дека лажните се изјавите за фокусот на европската агенда на СДСМ и ДУИ. Порачуваат дека оние кои се нарекуваат европски фронт добиле порака дека кај нив има непосветеност кон системско имплементирање на препораките на ЕУ. Потенцираат дека се забележува за прекумерната употреба на брзата постапка и европското знаменце во Собранието, за состојбите во правосудството, борбата со корупцијата, како и дека се забележува за злоупотребата на јавните набавки и договори склучувани во четири очи.

-И наместо владеење на правото, имаме владеење на самоволието. Наместо силна реформа имаме уназадени институции. Наместо напредок имаме порази. Власта на СДС и ДУИ е разобличена, проблемот зошто Македонија не почнува преговори, не се штетните договори или пак промената на Уставот под нечиј диктат туку затоа што државата не е средена, не е вистински реформирана и затоа што наместо право и правда владее власт заглавена во криминал и корупција!, изјави портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.

Околу овој извештај на европската комисија, став побаравме и од владејачката партија СДСМ, но до стартот на овие вести од таму не добивме никако одговор.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста