Волонтерите на црвениот крст во Охрид избркани од тамошниот вакцинален пункт

Скандал на првиот ден од масовната вакцинација во Охрид-утринава во 8 ч. екипата на Црвен крст Охрид која на барање на Директорката на Здравствен дом Охрид беше повикана да помага во процесот на масовна вакцинација во спортската сала Билјанини извори, беше грубо избркана од страна на Сашо Денесовски, т.н. координатор на спроведување на масовната вакцинација во Охрид-тврдат од хуманитараната организација.


”За жал и овој пат личните комплекси и фрустрации на една личност победуваат пред потребите за асистенција и помош на лицата кои се вакцинираат и на олеснување на административната работата на оние кои се вклучени да го спроведуват вакциналниот процес, што е активност на волонтерите на Црвениот крст во сите земји во светот” – велат од Црвен крст – Охрид.

Денесоски пак кој тврди дека дека од градаоначалникот Георгиески бил назначен за координатор и оти финансирал регионалните вакцинални поунктови во Охрид и Битола,ги отфрла обвинувањата на Црвениот крст.


Црвениот крст Охрид воопшто не се појави на ниту една координација со градоначалникот и другите чинители во подготовките за вакцинација. Наместо тоа денес ни испрати 14 годишно дете да волонтира.Ноторна лага е дека тие биле повикани да волонтираат во вакциналниот пункт од Здравствениот дом. Јас не ги избркав волонтерите на Црвениот крст, туку им објаснив дека нема никаков ангажман на Црвен Крст Охрид – вели Сашо Денесоски


Градоначалникот Георгиески кој не сакаше да зборува пред камера, кусо рече Денесоски финансиски помогнал во опремување на пунктот, но официјалано не бил поставен за координатор. Инаку интересот за вакцинирање во регионит е мал, според првичните информации до сега се пријавени само 15.000 лица.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста