Едно во опозиција друго на власт: За СДСМ „Комјутер за секое дете“ беше дебакл и перење пари

„Компјутер за секое дете“ – во 2007 година за Владата на ВМРО –ДПМНЕ беше најдобрата и најголемата инвестиција во образовниот систем, за тогашната опозиција – СДСМ- тотално пропаднат проект чија намена било перење пари. Сега кога се сменија улогите, власта уверува дека нивната образовна реформа за дигитализацијата на учебниците е концепт на 21 век  а пред речиси 13 години проектот “Компјутер за секое дете“ го оценија како фијаско.

– „Нема 150 илјади комјутери, а веќе  денес незавршениот проект ги чини граѓаните цели 35 милиони евра. Инсталацијата на компјутерите беше дадена  на ЈП „Македонска радиодифузија“ кое распиша дополнителен тендер  од 7 милиони евра за инсталација на компјутерите. Некој од овие пари сериозно се збогати“ беше ставот на СДСМ во 2008 година.

Тогашните 35 милиони евра за дигитализација во образованието со набавени 18 илјади компјутери, беа проблем за СДСМ, а сегашната сума од 120 милиони евра, според пресметките на опозицијата- не се. Во 2008 прашуваа и  кој ќе ја понесе одговорноста  за штетноста  и лошото планирање и спроведување на проектот „Компјутер за секое дете“. Сега, министерката Царовска, секоја критика на нејзината реформа, ја квалификува како политизација..

Концепцијата е донесена пред некаде два месеци, програмата за прво одделение е донесена, објавена, автори објавени, што покажува дека сите чекори се преземени, ние апсолутно ја спроведуваме концепцијата. Јас велам дека секоја политизација на осовременување на образованието е лошо за државата – вели Царовска.

Инаку, Владата сега сака да го помине законот за дигитализација во Собранието со европско знаменце, а тогаш бараа во законодавниот дом  да се формира Анкетна комисија за спроведување на владин проект „Компјутер за секое дете“.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста