Во Македонија 506 лица лица жувеат со ХИВ

Во Македонија 506 лица лица жувеат со ХИВ

Македонија е далеку од патот за да стави крај на епидемијата на ХИВ до 2030-година. Државата потфрла на секое поле за овие пацинети, не финансира доволно средства за превенција и лекови, и се користи терапија која не е препорачана од СЗО и затоа бројот на заболени расте алармираат невладините. Според новите статистики, во земјава со ХИВ живеат повеќе од 500-тини луѓе.

Изминатите три години нивото на превенција, однсно финансирање на превенција постојано опаѓа.Доколку ги споредиме трендовите на финансирање ќе забележиме дека трошоците за терапија ја стеснуваат превенцијата, за тоа што не се инвестира доволно.Во 2018 година во програмата се предвидени 95 милиони денари за превенција и за терапија, кога имало 200 лица кои што живеат со ХИВ.А за следната 2024 година се предвидени 90 милиони денари во ситуација кога имаме 400 лица со ХИВвели Елизабета Божиноска,од ХЕРА.

ХИВ позитивните се изложени на голема дискриминација велат од здружението Заедно посилни, од таму потенцираат и на важноста и квалитетот за терапијата на овие пацинети. 60 посто од луѓето добиваат современа терапија, додека 40 отсто од заразените ги добиваат најефтините лекови.

Ако за 60% може да кажеме дека добиваат квалитетна терапија, 40% заради цената и ограничениот буџет се уште примаат лек кој неколку години наназад СЗО и други меѓународни организации не го препорачуваат лекот” – вели Андреј Сених, од здружението “Заедно посилни”.

Од невладините јавно порачаа „Јавното здравје е инвестиција, а не трошок, бидејќи здравјето е право, а не привилегија“.

Потребно е да се зголеми инвестирањето за превенција, тестиање и лекување.За да ставиме крај на епидемијата до 2030 година.Очекуваме владата и собранието да се обезбедат повеќе финансии барем за 10 милиони денари, тоа и го добивме како ветување од власта” – изјави Хајди Штерјова Симоновиќ, од ХОПС.

Повеќе од 110 илјади луѓе се заразени со (ХИВ) во Европа во 2022 година, а стапката на инфекција е особено висока во земјите од Источна Европа, пред се во Русија.Бројката се однесува само на лица со реална и потврдена инфекција, а се верува дека реалната бројка е значително поголема.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста