Во Франција избори, во Италија и во изолација има забава- како светот се справува со Ковид 19?

Иако до доцна синоќа беше неизвесно, коронавирусот не успеа да ги одложи локалните избори во Франција. Такво нешто побараа голем дел од опозицијата и шест претседатели на региони, по новите драстични мерки за справување со Ковид 19. Сепак, Французите излегоа на гласачките места, а им било советувано да се одржуваат „социјална оддалеченост“ од еден метар, да носат свои пенкала и да ги дезинфицираат рацете пред да заокружат гласачкото ливче. При гласањето приоритет им се дава на постарите и ранливите категории.

Додека, Франција гласа, улиците во Италија, најпогодената европска земја од Ковид 19 остануваат празни. Сепак, Италијанците најдоа начин како да ја разбијат монотонијата, од своите тераси веќе неколку дена групно се пеат песни.

Веќе неколку дена присутен е и трендот кој започна во Италија, а се прошири низ Европа, граѓаните да им аплаудираат на медицинскиот кадар кој се справува со коронавирусот. Таква беше денеска сликата и од Владата на Хрватска.

Бугарскиот премиер Бојко Борисов најави награди од 500 евра месечно за медицинскиот кадар кој се справува со вирусот.

Германската канцеларка Ангела Меркел по консултации со федералните лидери реши од утре во 8 часот наутро да се затворат границите со Франција, Австрија и Швајцарија.

Австриското министерство за здравство утрово објави дека во земјата има 800 потврдени случаи на заразени.

-Работите не смеат да се сфатат опуштено и луѓето да мислат дека постапувањето против болеста е прекумерна. Ние се соочуваме со најголемиот предизвик по Австрија уште од Втората светска војна, изјави австрискиот канцелар Себастијан Курц.

САД и Германија во битка за вакцина за коронавирусот. Германски весник тврди дека Трамп сака им ја одземе лиценцата на Германците. Во меѓувреме, американскиот претседател се тестираше за коронавирус, резултати биле негативни.

Позитивни резултати на Ковид 19 добила Бегона Гомез, сопругата на шпанскиот премиер Педро Санчез. Освен неа, позитивни на тестирањето на блиските соработници на премиерот се и две министерки од шпанската влада.

За справување со Ковид 19, британската Влада ќе забрани јавни и масовни собири од следната недела. Одлучено е сите велигденски служби на Папата Францискт следниот месец да бидат без присуство на верници.

Земјата во која се појави Ковид 19 и која беше најпогодена, полека се опоравува коронавирусот. За да нема нов бум, властите во Пекинг ќе ги испратат во карантин сите патници кои со меѓународни летови ќе пристигнуваат во главниот град.

За жал црниот биланс продолжува, денеска бројот на починати од пандемијата во светот надмина 6.000.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста