Нови шестмина заразени со коронавирус во Македонија

Вкупно 18 заболени од корона вирус во Македонија. Тестирани се 12 лица денеска, од кои шест се позитивни. Една пациентка синоќа пристигнала со авион на Виз ер од Барселона, но била свесна дека нешто не е во ред и патвула со маска, а потоа сама се пријавила на аеродромот, по што веднаш била изолирана и однесена на Инфективната клиника, каде е земен материјал.

На 51 патник во авионот им е дадена препорака за домашна самоизолација. Но, истите се со многу мал ризик да се заболат, бидејќи пациентката свесно била со маска во авионот.На инфективна во моментов се лекуваат 13, а останатите пет новодијагностицирани ќе се лечат во Дебарската болница, бидејќи се со лесни симптоми кои наликуваат на настинка.

Во однос на мерките кои ќе се преземат: се затвораат сите копнени гранични премини, освен Богородица, Ќафасан, Табановце и Блаце. Се затвора аеродромот во Охрид. Забрана за влез за странски државјани од земјите со среден ризик, според листата на СЗО. Сите продавници во моловите да се затворат, освен маркетите и аптеките.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста