„ВО ФОКУС“- Плодови на СДСМ и ДУИ: Командант Форина еволуираше во Алберт Ајнштајн и стана премиер на Македонија

„ВО ФОКУС“- Плодови на СДСМ и ДУИ: Командант Форина еволуираше во Алберт Ајнштајн и стана премиер на Македонија

-Јас имам право да се идентификувам со Ајнштајн, кажа Џафери во Собрание.

По седум години СДСМ и ДУИ Македонија доби свој Алберт Ајнштајн и тоа на премиерската позиција. Командант Форина и неговите сопартијци станаа причина 13 пратеници во собрането да вредат многу повеќе од од 46-те на СДСМ. ДУИ со речиси 3 пати помалку пратеници од коалиционот партнер ја имаат целата моќ. Партијата на Али Ахмети во Собранието има само 10 проценти од вкупниот број народни избраници, а во централната власт за седум години добија премиер, прв Вицепремиер, министер за надворешни работи, за финансии, за економија, за образование, речиси сите клучни сектори за државата.

ДУИ кои со леснотија добија се што побараа од Ковачевски и Заев, на крајот на јануари годинава го добија и тронот на илинденска бр. 2- премиерската фотеља. Тоа беше причина во законодавниот дом да се прекршат законите, па со пури, цигари и виски да се прослави првиот Албанец премиер.

АТМОСФЕРА ПРОСЛАВА ВО СОБРАНИЕ

Покрај министерските доказ за моќта на ДУИ се и позициите заменик министри. Во внатрешни работи го имаат Назим Буши, во одбрана Башким Хасани, во транспорт и врски Беким Реџепи.  Државни секретари пак имаат во земјоделие, култура, транспорт и врски, политички систем и правда, каде е Мухамед Точи. Тој стана актуелен во јавноста, кога на комисиска расправа се обидуваше да ја попречи да говори пратеничката Благица Ласовска, потег за кој нема никаква одговорност.

Точи не е единствен од ДУИ кој се чувствува толку комфорно во Собранието, да прави што сака, таков пример е и Арбр Адеми, координаторот на пратеничката група на Интегративците.

Доказ за моќта на ДУИ, која им ја дозволија СДСМ, се и самопофалбите кои цело време си ги праќаат самите. Па така на пример Артан Груби ни кажа дека народот не можел без Али Ахмети.

-На Ахмети не му треба народот, на народот му треба Али Ахмети, изјави Груби.

Од ДУИ ни доаѓа и Алберт Ајнштајн од Македонија, барем според братот на техничкиот министер.

-Има големо искуство и многу работи. И да дојде по полноќ, не одмора, прво ќе чита нешто, а има коефициент на Ајнштајн, можеби и поголем, кажа братот на Џафери.

ДУИ можеби и си имаат причина за високото ниво на самодоверба, а таа им доаѓа од СДСМ. Доказ за понизноста на социјалдемократите е и тоа што Ковачевски по суфлирање на Ахмети, кажува како ќе функционира државата.

-Прво ќе ви кажам како ќе функционираме, кажа прво Ковачевски.

-Како до сега, па суфлираше Ахмети.

-Како до сега, па кажа Ковачевски.

ДУИ моќта се обидува да ја покаже и со тоа што државните институции ги израмнува со партиски штаб. Па така таму Ахмети одржува партиски средби, слави родендени, а функционерите на ДУИ си играат фудбалче и кошарка.

ДУИ доби и голем број директорски позиции во извршната власт. Меѓу нив и неколку атрактивни во јавните државни претпријатија,  како на пример државни патишта, АЕК, Агенцијата за лекови и медицински средства, М-Нав.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста