Форум „Како да го заштитиме македонскиот идентитет“ – пресуден момент да ги сочуваме унитарноста и државноста на татковината

Форум „Како да го заштитиме македонскиот идентитет“ – пресуден момент да ги сочуваме унитарноста и државноста на татковината

Македонија е исправена пред тешки предизвици и времиња кога се негира се што е македонско, се задира во идентитетските прашања и има обиди да и ги украдат историјата и културата. Сега е пресуден момент за нашата татковина да ја сочуваме унитарноста и државноста – ова се главните пораки од денешниот форум „Како да го заштитиме македонскиот идентитет“.

Форумот  „Како да го заштитиме македонскиот идентитет“ е организиран од потребата да се зачува македонскиот идентитет затоа што, рече, се работи за татковината. -Идентитетот е лична карта, пасош. Кога ќе нѐ идентификуваат ние сме Македонци, а и да не нѐ идентификуваат пак сме Македонци. И како сакаат да не нарекуваат, ние сме Македонци. Тоа беа моите предци и моите потомци, тоа беа историските личности од античкиот период и во целиот период оттогаш сѐ до денес, рече ректорот на Универзитет „ Скопје“ Аце Миленкоски

Тажно е кога волкот ќе ги нападне овците, но уште пострашно и потажно е кога нив ќе ги нападне шарпланинецот, кога ќе се оволчи оној чија улога е да ги заштитува паствата од волците. И тажно беше кога однадвор други не негираа застапувајќи ги своите интереси, но неспоредливо потажно е кога самите однатре се негираме застапувајќи туѓи интереси како свои – рече архиепископот додавајќи дека има „некои Македонци со антимакедонски постапки“ кои или за лична корист или во служба на туѓи интереси се подготвени и волни да отстапуваат од македонската историја и македонскиот јазик, вели Г.Г Стефан – поглавар на МПЦ – ОА

Македонија го смени името, попушти на притисокот од Грција, потоа го потпиша договорот со Бугарија, падна на уцените на соседите. Според поранешниот амбасадор Марјан Ѓорчев покажавме огромно без’рбетништво и непочитување на идентитетот.

Ако не попуштевме, ќе се најдевме на истото место каде што сме денес. Само ќе бевме погорди, подостоинствени и со поголема перспектива за нашата македонска иднина. Тоа е пораката – сите сплотени, заедно, единствено да покажеме дека имаме што да чуваме, имаме што да браниме и имаме што да надградиме на овој наш историско-географски македонски простор каде што е формирана македонска држава. Треба да ја почитуваме, треба да ја сакаме и да работиме за неа, вели поранешниот амбасадор Марјан Ѓорчев.

Македонскиот идентитет мора да се зачува – порачаа учесниците на форумот. Заедништвото и обединувањето носат промени кои ќе ја извадат Македонија од овој ќор – сокак.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста