„Во Фокус“ – Хумантитарни акции за семејствата на осудените за 27-ми април

„Македонецот никогаш не разочарал со својата хуманост“ – вели скопјанецот Кристијан Јандриоски кој често пати организира хуманитарни акции за семејства на осудените од 27 април кои се во лоша финансиска состојба. Вели дека многу од нив останале без работа и се оставени на милост и немилост. За да може пристојно да помине за велигденските празници едно од семејствата, Јандриоски повторно организира собирање на финансиски средства, храна но и облека за децата, и вели дека за сега е задоволен од одзивот на сите кои се понудиле да помогнат.

Го правам тоа активно, презадоволен сум од одзивот на луѓето, македонецот никогаш не разочарал со својата хуманост, кога ќе треба, еве пред два дена испративме повик, баш за велигденските празници, одзивот е одличен, семејството е среќно дека ќе може да помине како што треба, бидејќи тие немаат финансиски приливи – вели Кристијан Јандриоски.

Семејствата на осудените, често пати трпеле притисоци – вели Јандриоски кој одржува контакт со дел од нив. Бидејќи ја знае нивната ситуација, знае од колкаво значење е кога некој би покажал интерес да им помогне и да организира вакви хуманитарни акции.

Бркани се од работа за колку повеќе да им се отежни луѓето, тие потези што ги правеше власта беа потези да се упати порака кон другите, еве што ќе ви се случи, ако  вие бидете тие што се бунтуваат кон власта – вели Кристијан Јандриоски.

Не се само финансиските средства, може да се помогне и со пакет храна, облека или подмирување на некоја сметка, што на некои од семејствата би им значело многу.

Покрај финансиските средства, многу би било добро да почне јавноста да се интересира со некое од семејствата. Ако има мали дечиња, ќе обезбедат некоја облека, пакет храна, може да се јават колку е ваша последна сметка за струја, да им ја подмират, има многу начини за помош, само да сакаат да помогнат – вели Кристијан Јандриоски.

Некои од семејствата, не само што останаа без сопруг, татко или син туку останаа и без единствениот кој до тогаш заработувал. Токму затоа, Јандриоски и повеќе негови истомисленици, прават се за да им помогнат во овие моменти, кои за нив не се тешки само емотивно, туку и финансиски.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста