Јотова: Во Бугарија нема малцинства, па ни македонско

Бугарија бара признавање на правата на Бугарите во Македонија, А не ги признава правата на Македонците во Бугарија Бугарските власти не го признаваатпоследниот извештај на Стејт департментот посветен на слободата на здружување, и продолжуваат да го негираат правото на  етничките Македонци во Бугарија и покрај 16-те пресуди на Судот во Стразбур против Бугарија за прекршување на правата на македонското малцинство.Потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова,вели ние немаме малцинства во нашата земја, тоа така стои во законот-во бугарскиот устав нема малцинства и тој почива на целосно друг принцип на индивидуалното право, а не на колективното.

  •  Повеќе години сум работела во Советот на Европа и ЕУ и ќе ви кажам дека тоа што го цитирате од Стразбур, тоа решение е во врска со почитувањето на човековите права и никогаш во него не пишувало дека Бугарија треба да го признае македонското малцинство. Така што, никогаш никој и по никој основ не барал и нема да бара Бугарија да признае, какво и да е малцинство, бидејќи во Стразбур се почитува бугарскиот Устав вели Илијана Јотова –потпретсед.на Бугарија.

Јотова,при денешната посета на Охрид потенцира дека Бугарија ќе продолжи да работи за заштита на правата на бугарските граѓани во земјава,но истакна и дека Бугарија нема да каже „да“ за членство на Макеоднија во ЕУ. Впишувањето на бугарите во уставот на земјава не бил главен проблем за тргање на бугарското вето.

  •  Ако добро го познавате Договорот за добрососедство меѓу двете земји ќе знаете дека ништо по тие прашања внатре не е направено во последните пет години. Прво, поставените услови за одредени текстови во учебниците од средно, кои треба да бидат дефинирани од Историската комисија меѓу двете земји и тие соодветно да бидат вметнати во учебниците. Второ, ние бараме отворање на архивите за случаите со лицата кои покажале бугарска самосвест и на трето место, тоа што за мене е исклучително важено, е скрнавењето на спомениците рече Илијана Јотова –потпретсед.на Бугарија.

Инаку по Битола и во Охрид денес се отвори Културно информативен центар „Балкански хоризонти“а претгходно Јотова  положи цвеќе пред спомен обележјето на 15-те бугарски туристи, кои загинаа во бродска несреќа во 2009 година.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста