ВМРО-ДПМНЕ: Заев мора да биде жестоко поразен

„Половина месец Македонија е со троцифрен број на новозаболени, ставена на  столбот на срамот како земја која најлошо се справува со пандемијата во Европа. Заев и Филипче наместо да преземаат искуства од развиените земји, ја спуштија Македонија во друштво на Либија, Ирак и земјите од третиот свет. Лидери сме во регионот по број на заболени на милион жители и уште потрагично со најголема стапка на смртност. Бројот од над 4100 заболени од почетокот на пандемијата и 193 смртни случаи, потврдува дек Заев и Филипче со својата неспособност само ја продлбочуваат кризата.“ – обвинуваат од ДПМНЕ

Оттаму делат дека додека Филипче говори за соодветен третман на заболените, oгромен број на медицински кадар e ставен во изолација. Максимално несоодветниот и ненавремен третман на луѓето кои се во прва борбена линија со коронавирусот се заканува да создаде дополнителна криза. За резултати од брисеви за медицинските лица се чека и по 4, 5 дена. Дванаесет дена троцифрен број на новозаболени, не е силен бран, како што вели Филипче, туку здравствено цунами предизвикано од „ненормалната нормалност“ во која власта не убедуваше дека живееме, пред само две недели.

„Оваа власт ја постави Македонија на секое дно. политичкото влијание на Зоран Заев врз судството, огромниот степен на криминал и корупција одекнува низ меѓународните извештаи. Наместо да се помогнат илјадниците фирми коишто се на работ на егзистенција, со нула приходи, фирмите на Заев печалат во време на пандемија и ги дуплираат своите добивки. Неспособноста на оваа власт ги чини граѓаните на оваа држава здравје, живот, илјадници изгубени работни места. кризата само се продлабочува заради мерките и политиките кои не само што не донесоа живот, туку ја зголемија сиромаштијата.“ – потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста