ВМРО-ДПМНЕ преговара, Заев одмара, ДУИ не успеа да го обедини албанскиот блок

ДУИ не успеа да ги обедини партиите од албанскиот блок околу концептот за албанец премиер,а Заев и во ситуација да составува влада како лидер на коалиција со најмногу мандати нема да има основа за стабилно мнозинство. Алијанса за Албанците со став дека е речиси невозможно да бидат во иста влада со ДУИ, а зад предлогот за Насер Зибери гледаат само флоскули. Опозицијата кај албанците смета дека Ахмети попрво ќе одбере да биде дел од владата отколку негов предлог да биде мандатар.

На интегративците им останува варијантата за поддршка единствено од Тачи.  Но веројатно шансите се мали знаејќи ги ставовите на ДПА од предизборието дека идејата за албанец премиер е тешка манипуација.

Како што сега стојат работите ако ги надминат разликите за тоа кој треба да ја води владата Заев може да се надева на максимум 62 пратеници.Неговите 46, 15 на ДУИ и 1 на ДПА. Тој се надева дека во Август ќе успее да состави влада. Најголемиот број гласови го легитимирале како мандаатар. Изјавите на ДУИ дека тие треба да го добијат мандатот и да одлучат за тоа кој ќе состави влада ги смета за арогантни.

„Во парламентарна демократија многу е јасно кој го добива мандатот за формирање нова влада. Тоа е првопласираната, а не трето пласираната партија. Процесот на конституирање на Собранието и на формирањето на новата Влада ќе се случат во рамки на законските рокови, а тоа значи дека пред есента државата ќе има целосно функционални институции. Август ќе биде изразено активен политички месец кога Македонија ќе го заокружи изборниот процес“, вели Заев во интервју за А1 он.

И ВМРО-ДПМНЕ има свои комбинаторики за формирање влада. Велат дека преговорите се во тек, а сите опции се на маса,

Широка владина коалиција и нови парлааментарни избори заедно со локалните догодина е опцијата која срамежливо се споменува доколку никој не успее да го собере парламентарното мнозинство.

Градимир Марковски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста