По 21 ден болничка хоспитализација, Милошоски се врати дома

После 4 дена самоизолација и 21 ден болничка хоспитализација, пратеникот Ангпнијо Милошоски е вратен дома.
Како што стои во некого имот фејсбук статус, тестот за корона вирусот е негативен и тој е сега меѓу своите најблиски.
“После 4 дена самоизолација и 21 ден болничко лекување од Ковид19, повторно дома.
Негативен по тест, но расположен по дух и опкружен со најблиските, чии прегратки со љубов се задолжителна терапија за закрепнување. Уште едно сериозно животно премрежје е надминато.
Срдечно им благодарам на лекарите од Инфективната клиника-Скопје, како и на сите медицински сестри, кои иако се многу преморени, деноноќно се борат за секој пациент.
Чувајте се. Ве поздравувам со желби за добро здравје.”
После 4 дена самоизолација и 21 ден болничко лекување од Ковид19, повторно дома. Негативен по тест, но расположен по…
Posted by Antonio Miloshoski on Monday, July 20, 2020