Засега нема позитивен случај на Ковид-19 во комплексот “ДИЗНИ”

На десетина дена пред и официјално да продолжи сезоната во НБА лигата, потврдено е дека нема ниту еден позитивен случај на Коронавирус. Во комлексот „Дизниворлд“ во Орландо тестирани се 346 кошаркари, вклучувајќи ги и стручните штабови, новинарите, и сите останати работници. Тоа што меѓунив нема заразени лица е одлична вест за мирен финиш на шампионатот, кој поради пандемијата е во прекин од 11 март. Во среда почнуваат со пријателски натпревари, и до разигрувањето сите 22 екипи ќе одиграат по осум натпревари, за да го добиеме конечниот изглед на двојките во плејофот.   

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста