ВМРО-ДПМНЕ: Изјавата на Мицкоски не се однесува кон палестинскиот народ, ниту кон муслиманите

Фејсбук статус на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, за случувањата на блискиот исток,  ги разбранува страстите на социјалните мрежи. Се јавија радикални исламистички групации кои упатија закани до Мицкоски поради искажаниот став дека конфликтот треба да се реши.

Изјавата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во врска со случувањата во Израел, е во иста насока со ставот на американскиот претседател Џо Бајден, кој што изрази разбирање за реакцијата на Израел.

Изјавата на претседателот Мицкоски не се однесува кон палестинскиот народ, ниту пак кон муслиманите, или пак кон арапскиот народ. Ставот се однесува кон правото на држава пријател на Македонија да ја заштити својата територија која што е нападната и гранатирана од паравоена формација. Денес во Израел губат животи за жал подеднакво и евреи и христијани и сите кои што живеат на таа територија. И во оваа прилика апелираме на прекин на огнот, наоѓање на заедничко решение и смирување на тензиите и насилствата-рече НАУМ СТОИЛКОВСКИ, ПОРТПАРОЛ НА ВМРО ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ силно ги осуди закани кон Мицкоски од радикални екстремистички елементи, и говор на омраза кој беше, како што велат,од центри на моќ кои што работат во спротивност со стратешките интереси на државава и на нашите стратешки партнери. Го осудуваат молкот на МВР и министерот спасовски во врска со ваквите закани.

Инаку американскиот претседател Џо Бајден, по телефонски разговор со израелскиот премиер Нетанјаху пред еден ден, изрази разбирање за реакцијата на Израел по ракетните напади од Хамас.



КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста