Влажни коловози на патиштата, се препорачува прилагодена брзина на движење

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Врнежи од слаб снег се бележат на планинскиот премин Буково, но во моментов не претставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.

Намалена видливост поради појава на магла до 20м. има на патниот правец Тетово – с.Лисец..

Поради изведување работи на пат на магистралниот пат А2 Струга – г.п. Ќафасан (од бензиска пумпа ОКТА до влез во с.Радолишта) брзината е ограничена на 40км/ч. На местото на изведување на работите е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста