ЧЕШКА ОТКАЖА, МАКЕДОНСКИТЕ РАКОМЕТАРИТЕ ЌЕ НАСТАПАТ НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ВО ЕГИПЕТ

Селекцијата на Чешка заради голема бројка на заразени играчи со КОВИД 19 официјално го откажа учеството на Светското првенство во Египет, па по неколкудневното исчекување македонските ракометари добија потврда дека ќе се најдат, ќе бидат дел од машкиот мундијал. Ние бевме прва резерва, но сме во полна натпреварувачка форма за што потврда се победите во контролните средби со Чиле од минатата седмица. Во нашиот табор нема позитивни на последното тестирање, и нема проблем во тој дел, по што со чартет треба да летаме за Египет и да се приклучима во групата Г која ќе игра во Каиро и каде што се Египет, Чиле и Шведска. Првите две селекции во среда го отвораат мундијалот, а ние в четврток треба да се сретнеме со Шведска и тоа во терминот од 21 часот и 30 минути. Со ова Македонија десетта година по ред е дел од големите репрезенативни натпреварувања.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста