Власта за македонскиот јазик во ЕУ “се крсти” во договорот за добрососедство и добрата воља на бугарите

Бугарија ни го блокира датумот за преговори со услов да заборавиме на македонски јазик и македонско малцинство, а Димитров се надева дека Софија ќе ни дозволи европското право да го преведеме на макдонски. Шефот на дипломатијата е оптимист дека источниот сосед немало да ни го оспори правото на самоопределување бидејќи тоа не било според договорот за добрососедство. Македонскиот јазик бил наша работа. Прашање затворено со затворањето на личната карта Обединетите нации.

ТОНСКО:Никола Димитров-Министер за надворешни работи – Македонскиот јазик е наша работа, тој е израз на нашето право на самооппределувањето и не можеме да зборуваме за европски интеграции ако ова е предизвик, како што не можеме да збориваме и за вистинско пријателство кое претставува меѓусебна почит. Меѓу државите не се признаваат јазиците, се поризнаваат држави, во смисла на меѓународното право. Нас не ни треба признавање или пелат од било која друга држава во однос на македонскиот јазик. Меѓутоа ние инсистираме на потврдуивање на нашето право на самоопределување што е неспорно”, вели Димитров.

Експертската јавност пак е со спротивен став. Нацрт преговарачката рамка е важен чекор, но сепак реалноста за јазикот е поинаква. Марија Ристеска од институтот за европски политики вели дека постои европски акт за официјализирање на јазиците во ЕУ, а државите членки меѓу кои и Бугарија ќе имаат можност да ја усогласат според нивните национални интереси. Дополнително нереално е ЕУ од страна на партиите во македонија да се користи за добивање на политички поени и да се поставуваат превисоки очекувања, истакнува Ристеска.

“Искрено мислам дека нема да има македонски јазик може да остане мајчин јазик.Напротив во овој процес право на глас имаат земјите членки имаат земјите членки на ЕУ. Бугарија ќе го изрази својот став многу брзо. Тоа нема можност да го оставри само сега. Овозможено и е со новата методологија и со новата преговарачка рамка”, вели Ристеска.

Иако ЕК донесе одлука во драфт преговарачката рамка европското право да се преведе на македонски јазик земјите членки ќе го кажат конечниот став по што документот ќе биде финализиран. За потсетување Македонија од 2009 година добиваше препораки и за отпочнување на преговорите. Ставот на Грција околу името беше пречка за да преминеме во следна фаза односно да ги отпочнеме преговорите.

Градимир Марковски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста