Новак и Јелена Ѓоковиќ го победија корона вирусот

Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена го победија корона вирусот. Тестови од новите примероци на сопружниците беа негативни по што светскиот рекет број еден ја сподели информацијата преку социјалните мрежи. Ѓоковиќ беше предмет на критики и на удар на голем број медуми, но и негови колеги поради организацијата на Адриа турот кој беше прекинат токму поради позитивен наод на Ковид 19 на еден од учесниците, Бугаринот Григор Димитров. Подоцна позитивни беа и тестовите на Виктор Троицки и неговата бремена сопруга, , Борна Чориќ, како и тренерот на Новак Ѓоковиќ-Горан Иванишевиќ . Најдобриот тенисер на планетава во моментов, истакна дека по двонеделна изолација им се враќа на редовните обврски откако неговиот последен тест на корона вирус е негативен.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста