Власта пред паѓање „удира“ по медиумите

Власта пред паѓање „удира“ по медиумите

Го покажува ли власта стравот од пораз на изборите, преку напади на медиумите? Нетранспарентност, дрзок однос кон новинарите, етикетирање, заминување од пресови, судски пресуди против медиумските работници, ова се само дел од примерите кои може да се забележат последниот период, од страна на Ковачевски, неговите министри, и коалициони партнери.

Лошиот рејтинг на анкетите и се почестите критики од медиумите кон власта, се чини дека ја насочија владата наместо да се бави со пробелмите во државата што и е работа, тие да се занимаваат со медиумите.

Последен пример е кога премиерот Ковачевски се изнамеа на прашање на новинар во врска со гасот.

Претходно и новинар на ТВ Алфа, беше причина, затоа што постави легитимно прашање, вицепремиерот за економски прашања да си замине од прес-конференција, а премиерот Ковачевски се осмели прашањето да го нарече не коректно.

Ниту Битиќи, ниту пак Ковчаевски се извинија за нивното однесување, иако наовинарските здруженија реагираа и посочија дека извинивање во најмала рака е и повеќе од потребно за ваквиот скандалозен однос.

Кон почетоков на годинава, коалицониот парнер на Ковачевски, Ахмети, си даде за слобода дел од медиумите да ги етикетира како антиалбански.

Кому му служиме со овие поделби што се прават? Се разбира на непријателите на Албанците, тие „аплаудираат“. Алфа, Телма, Мелма, тоа се тие. Што добија Албанците кои беа поделени во минатото, што? Не добија ништо“, порача Ахмети.

Ковачевски не го осуди ова, порача дека Ахмети говорел со факти.

-Господинот Ахмети таа изјава ја дал врз основа на одредени факти и за објаснување ќе требад да го прашате него, бидејќи за медиумите и јас имам свое лично мислење, изјави Ковачевски.

Истиот Ковачевски за дел од телевизиите велеше дека личеле на партиски гласила и трговци со енергенси.

Во државата има медиум чија што уредувачка политика повеќе наликува на компанија која тргува со енергенси, а има и медиум чија што улога повеќе личи на партиски сектор за комуникации, изјави Ковачевски.

Дека власта ги губи изборите, па прибегнува кон удари врз новинари, се случувало и претходно. Крајот на функцијата на поранешниот премиер, Никола Груевски попчна по затворањето на А1 телевизија… Владата на СДСМ  сега е гневна на сите медиуми, иако кога дојде на власт „стрелите“ и беа насочени исклучиво кон Алфа, како единствен критички медиум. Алфа ТВ  често е домаќин на различни инспектори, истражители, обвинители. И покрај сите проверки и чешлања на документацијата со години, досега не успеаја да најдат ништо неправилно и незаконско, но притисоците останаа.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста