НАЈНОВИ ВЕСТИ

Нетанјаху: Се обидуваме да минимизира цивилни жртви, но безуспешно

Нетанјаху: Се обидуваме да минимизира цивилни жртви, но безуспешно

Израел прави се што може за да ги извлече цивилите од опасност додека се бори со Хамас во Газа, вклучително и фрлање летоци со предупредување да бегаат, но неговите обиди да ги минимизираат жртвите не беа успешни, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

„Секоја цивилна смрт е трагедија и не треба да ја имаме. Правиме се што можеме за да ги извлечеме цивилите од опасност, додека Хамас прави се за да ги држи во опасност. Ќе се обидеме да ја завршиме работата со минимални цивилни жртви. Но, за жал, не сме доволно успешни“, вели Нетанјаху во изјава за СиБиЕс.

Здравствените власти во Газа, на кои им веруваат Обединетите нации, велат дека е потврдено дека загинале најмалку 11.500 луѓе во израелското бомбардирање и копнена инвазија, од кои повеќе од 4.700 се деца. Две третини од 2,3 милиони жители на Појасот Газа останаа без покрив над главата во безмалку шестнеделната војната

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста