Тивко напуштање на кинескиот проект „Еден пат еден појас“

Тивко напуштање на кинескиот проект „Еден пат еден појас“

До нашата домашна јавност послабо  допират светски важни настани кои значат многу инвестиции и нови интеграции. Кина го разработи својот стратешки план  ,,Еден пат еден појас’’ кој би требало да биде нова модерна верзија на прочуениот  ,,Пат  на свилата’’.  Скратеница која често се појавува за ова стратегија е  1R1B (one road one belt).  Според проектантите на овој коридор со  6 трансрегионални коридори опфатени се 65 држави и 4,5 милијарди жители. Независно од поврзаноста со западните земји обврската на секоја реална држава е да следи меѓународни развојни активности.

Колку за потсетување патот и појасот тргнуват од Кина, а завршуваат со крајна цел во Ротердам во Европа. Патем поминува низ Џакарта и Колумбо, низ Кенија, потоа преку  Египет додека во Европа влегува низ Грција. Низ нашата територија не поминува.  Другата поважна линија се движи  преку  копно низ речиси старите патишта на свилата преку  Душанбе и Москва повторно до Ротердам.

Ова иницијатива во Казахстан 2013 година ја најави претседателот на Кина  Си Џинпинг  и од тогаш таа претставува најголема источна ветувачка програма за развој.  На конференција на ASEAN тој објави нов поморски пат на свилата. Со многу пристаништа, автопатишта, индустриски зони, енерговоди и слично.

Советот за Меѓународни односи веќе има објавено сомнеж дека ова иницијатива е евентуаелен тројански коњ на политиката на Кина, а одреден број на про западни автори се сомневат  дека корупцијата би била првото што се движи по новиот пат заради Кинеско пробивање.

Оваа иницијатива во Октомври 2023 година во Пекинг  ја одржa својата трета  Конференција. Според  организаторот учествувале  90 држави меѓу кои  претседателот на соседна Србија Александар Вучиќ кој со себе понесе и министри и бизнисмени како и претседателот на Алжир,  а најголемо внимание предизвикува учеството на Русија  со  присуство на Владимир Путин и неговата наводна  средба со Претседателот  на Унгарија Виктор  Орбан.

Кинескиот Министер за надворешни работи објави податок дека досега се потпишани договори со 150 држави и 30 меѓународни организации. 

Македонија е потписник на оваа иницијатива од 1 декември 2013 година заедно со други 35 држави од Европа. Македонската јавност не е запозната со редица вакви светски проекти. Конкретно околу овој проект на нашата политичката сцена  постојат  гласини дека  можеби и ќе биде напуштен.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста