Вирусот го „коси“ медицинскиот персонал- Уште тројца лекари од Куманово се позитивни на Корона

Тројца ново заразени медицински работници со Ковид- 19 во Куманов – потврди за Алфа директорот на Центар за јавно здравје Ариф Љатифи.

Еден од Заразените работел во Здравствениот дом за домашна посета. Другиот заразен е лекар од одделението за ОРЛ. А третиот лекар е од Крива Паланка. Љатифи информира дека во текот на денешниот ден на овие лица ќе им бидат направени епидемиолошка анкета за да се утврди со кого биле во контакт.

Со овие три случаи вкупниот број на заразени здравствени работници се искачи на најмалку 55.

Најголем број од нив се заразиле додека биле на работното место.

„Сакам да испратам порака до медицинскиот персонал да ги почитуваат протоколите, да се штитат на работните места, но и надвор од нив, тоа значи дека треба да се пазат постојано“, изјави министерот Филипче.

Куманово од петокот вечерта е во целосен карантин. До изутрина во 5 часот Кумановци мора да останат дома. До денеска полицијата регистрирала 14 прекршувања на забраната за движење во кумановско.

Превземени се мерки и активности при што 12 лица се лишени од слобода, а за две лица се земени податоци, велат од секторот за внатрешни работи во Куманово.

Во земјава прва заразена докторка со Корона вирус беше директорката на Клиниката за кожни болести, Цаца Биљановска, која беше регистрирана на 9 март. Тогаш целата клиника се затвори, а стотици здравствени работници беа ставени во карантин. Од нив дури шест се покажаа како позитивни на вирусот.

Позитивни на Ковид- 19 се и четворица вработени во педијатриска болница во Дебар, осум во Заводот за рехабилитација во Козле, уште четири во приватната болница Плодност во Битола.

Симона Србиноска