Истрага и судски предмет за протест на 100 лица пред црква во Атина (Видео)

Грчката полиција отвори истрага и судски предмет за идентификација на лица кои што ги прекршиле превентивните мерки за заштита од Корона вирусот и учествувале во собир во двор на црква.

Како што соопштуваат од полицијата, во собирот учествувале околу 100 лица, биле идентификувани шест од нив, а еден бил уапсен.

Според грчките медиуми, групата од околу 100 граѓани, жители на населбата, се собрале пред црквата во знак на протест за владината одлука, црквите да останат затворени за верниците.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста