Деркоски: Нецелосна ДИК значи и нефункционална изборна комисија

Деркоски: Нецелосна ДИК значи и нефункционална изборна комисија

Црна дамка на целиот изборен просец ќе фрли непополнувањето на Државната Изборна Комисија – со претставник на албанската опозиција. Поранешниот претседател на ДИК Оливер Дерковски во изјава за Алфа вели дека иако повеќето членови се од владејачкото мнозинство, недоволниот број на опозициски претставници дава слика за нефункционална Државна изборна комисија кога ќе треба да се носат клучни одлуки за изборите кои следуваат.  

  • ДИК е формирана за да има еден политички баланс, затоа и составот е таков, 4 претставници на владејачкото мнозинство, тројца на опозицијата. Плус претседателот да е по предлог на опозицијата, што значи оправдани се барањата на претставниците на опозиција, без разлика дали тоа е албанската или било која, да имаат претставник во ДИК. Секако дека ќе фрли црна дамка на целиот изборен процес. Од правна гледна точка, владејачкото мнозинство, секогаш може да си ги носи одлуките кои што си ги сака поради мнозинството кое што го има. Меѓутоа, како што напоменав на почетокот потребно е целосно функционално да биде ДИК, односно во полн состав кога ќе се носат одлуките важни за изборниот процес“ вели за Алфа, поранешниот претседател на ДИК, Оливер Дерковски.  

Со години наназад клучните препораки на меѓународните организации се спроведуваат буквално во „5 до 12“, и тоа само за ситни политички пазарења без никакви придобивки.

  • Тоа е лоша пракса за жал, подолг период во нашата земја. Како што се препораките на ОБСЕ/ОДИХР и измени во изборното законодавство, треба да се правдат најмалку една година пред редовниот изборен процес. Кај нас секогаш се прави спротивното, иако мислам се чека последниот момент да се направат некои измени во изборниот закон се со цел ситни политички поени да се ќараат на некој начин, иако тоа ништо нема да придонесе позитивно или негативно на изборниот процес. Сметам дека тоа се почитички притисоци и пазарања. Ништо друго“ вели поранешениот претседател на ДИК, Оливер Дерковски.

Во меѓувреме, албанската опозција го постави 31-ви декември како краен рок за да во Собрание да се изгласа нивен претставник во ДИК. Во спротивно, лидерот на БЕСА најави и протести, а Африм Гаши напуштање на Собранието и негова блокада. Првиот човек, пак, на опозициска тројката: Изет Меџити рече дека избори со 6-члена изборна комисија ќе бидат нелегитимни.

Предлозите за 7-то столче во ДИК треба да се најдат на пленарна седница и зелено светло треба да дадат најмалку 2/3 мнозинство од пратениците.

ДИК девет месеци е со еден член помалку, откако Кренар Лога од Алијанса за Албанците стана министер за правда.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста