Македонците од Албанија бараат проширување на истрагата за лажните бугарски документи

Македонците од Албанија бараат проширување на истрагата за лажните бугарски документи

Вработени во општините, градоначалниците, нивните надредени и на крај со параф од албанското Министерство за надворешни, ова е ланецот на корупција со што се создава вештачко бугарско малцинство во Албанија со амин од тамошната Бугарска амбасада. Ова го сведочи претседателот на македонската партија во Албанија, Васил Стерјоски, по апсењето на општинските службеници кои незаконски давале документи за бугарско потекло. Поради последните случувања, Стерјоски е уверен дека ниту резултатите од пописот во АЛбанија е реален бидејќи помина со директно мешање на Бугарија и со низа проблеми.

Тој појаснува дека од декември 2021 во сите општини ширум Албанија со урнеци создадени во бугарската амбасада на големо од општините во Албанија продаваат документи, а албанските власти молчат. Стерјоски потсети дека дури и министерката за внатрешни на Албанија Олта Џачка при посетата на Македонија во март годинава негираше дека постои корупција и создавање на вештачка нација во Албанија.

Властите во Албанија иако се запознаени со ситуацијата изреагираа откако телевизијата Топ Ченл обелодени дека само во Острени се извадени повеќе од 1000 лажни документи. Од македонската партија бараат истрагата да се прошири во цела Албанија бидејќи како што велат самите урнеци ги припрема бугарска амбасада, а градоначалниците во Албанија како алва ги продаваат документите со бугарско потекло.

Тие многупати досега реаагирале кај сите надлежни во Албанија, но попусто.

Исто така, Македонска алијанса за европска интеграција пред пописот и за времето на пописот постојано посочуваше за притисокот од страна на посредувачите на бугарските пасоши, бугарската амбасада и ектремистичките групи од Бугарија.

Сторијата на новинарите од Албанија покажа дека бугарските власти што дејствуваа таму се поддржани и од локални албански фукнционери се со цел на пописот да извадат бројка на Бугари.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста