„Во фокус“: Осакатено образование, наместо реформи, враќање во камена доба

„Во фокус“: Осакатено образование, наместо реформи, враќање во камена доба

Монт Еверест порасна за 20 километри, Македонија на запад се граничи со Бугарија – ова се само два од бројните примери кои ја одбележаа пропаста што ја доживеа долгонајавуваната реформа на образованието на СДСМ-ДУИ. Од ветувања за вешачка интелегенција, за 7 години владеење образованието го вратија во камена доба.

Дигитализација, па не, онлајн настава па настава со физичко присуство, учебници има ама нема, па родител еден родител два, завршена учебна година без свидетелства, образовни реформи без јавна поддршка, протести и критики. Наместо скандинавски модел на образование, македонските ученици се впишаа во најслабите од регионот.

  • „Со интегрираните предмети се спојуваат темите, и во исто време, наставниците по биологија, хемија и физика ќе предаваат една тема. На пример, кога ќе се учи за екологија и животна средина. На биологија ќе се учи за влијание на човекот врз природата и одржлив развој, на хемија за загадување, а на физика за обновливи извори на енергија. Се разбира дека ќе бидат потребни нови учебници“ – изјави Мила Царовска, поранешен министер за образование на 16.12.2020.

Се кроеја реформи во образованието без широка јавна дебата, за на крај полуспроведени концепти без поддршка од стручната јавност и родителите. 

  • Потребно е стручно и целисходно водење на сите реформи на образованието во нашата држава, а реформите треба да обезбедат систематско и посебно изучување на македонскиот јазик и македонската историја, порачаа тогаш од МАНУ.

По притисок на Грција и Бугарија, предметите историја и географија исчезнаа, а се роди мега предметот општествени науки. Биологија и хемија се споија во природни науки, на што бурно реагираа професори, наставници, родители.

  • „Не можеме да ги изоставиме, тие промени, експерименти, кои ги воведе поранешната министерка Мила Царовска, и денеска се наоѓаме во една ситуација каде јас како наставник по георграфија, предавам природни науки, предавам дисциплини од биологија, хемија.. “ вели Томислав Гиевски, наставник и претседател на НСОН.

И покрај сите противења, реформите се спроведија но учениците останаа без учебници. И не само учебници немаше ниту свидетелства.

Секоја година имаме еден ист проблем, а тоа немањето доволно учебници, тие доцнат, па ние како наставници мора да импровизираме, за децата да не ги оставиме да осетат дупка во учењето, рече меѓу другото за Алфа, наставничката по македонски јазик.

Родител 1 и родител 2 дефинитивно ги заменија„мајка“ и „татко“. Загриженоста за катастрофалните одлуки во образовниот систем ги извадија повеќе пати родителите на улица.

  • „Ние веќе неколку години се бориме против овие образовни политики кои ги донесе тогашната министерка Царовска, кои за жал продолжија и со наредниот министер Шакири. Видете, генерално проблемите се големи, ние тука немаме исполнување на основните права на децата, зборуваме за основни… “ вели Драгана Спасевска од Граѓанска иницијатива „Учебници и настава мора да има“.

И кога надлежните размислуваа за „големите“ реформи, заборавија на основните услови, како на пример личната хигиена на децата и греењето на училниците.

“Добиваме од децата реакции дека нема каде да си ги измијат рацете,нема каде да уринираат,влеговме заедно видовме дека казанчињата се скршени, видовме дека чешмите не се фунционални“.

„Како прво треба греење во сите простории од домот,дали секој има парно греење во сите простории е прашање..“, изјави наставничка.

Пред Царовска беше Арбер Адеми, после Царовска, Јетон Шакири. Сите тројца со големи ветувања, но нивното спроведување тешко одеше.

  • „ Едното од главните ветувања, кое што не е исполнето, од политичката партија на нашиот министер, беше дека за наставниците ќе има основна плата од 600 евра, ние немаме 600 евра плата..“ вели Гиевски, наставник, претседател на НСОН.

И помошта за средношколците и основците останаа само на билборди.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста