Вчера во 16 часот и 44 минути бил регистриран земјотрес во околината на Пехчево и Берово

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вчера на 13.08.2020 година во 16 часот и 44 минути, регистрира земјотрес чии епицентар се наоѓа 105 km југоисточно од Скопје и потекнува од пехчевското епицентрално подрачје. Земјотресот имаше локална Рихтерова магнитуда ML3.2, а беше почувствуван од населението во Пехчево, Берово и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

https://www.facebook.com/CUKnaRSM/posts/3216118278468045
КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста