Мицкоски во Вила Водно: ВМРО-ДПМНЕ ги замрзна односите со претседателот Пендаровски
За мандатор за состав на Владата на Република Македонија го определувам Зоран Заев, претседател на СДСМ, кажа Пендаровски доделувајќи му го мандатот на Заев.
Бура реакции во јавноста предизвика одлуката на претседателот Стево Пендаровски да му го довери мандатот за состав на Владата на Зоран Заев, без обезбедено парламентарно мнозинство. По ваквиот потег од Вила Водно, опозиција реши да ги замрзне односите со Пендаровски, а за тоа Мицкоски лично го информираше шефот на држава. Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, оцени дека мандатот моментално е узурпиран и киднапиран од Заев. Христијан Мицкоски го обвини Пендаровски дека го прекршил уставот, велејќи дека без доказ за обезбедено мнозинство, секоја од парламентарните партии би можела да го добие мандатот.
-ВМРО-ДПМНЕ на денешната координација донесе заклучок дека од овој момент ги замрзнува односите и комуникацијата со господинот Стево Пендаровски. Жалам што македонските граѓани се сведоци на една ваква би рекол вешто подготвена претстава, а сите ние ќе имаме последици во услови кога банкротираат банки, кога не знаеме како ќе се одвива образовниот процес, кога гледаме дека поскапувањата се се поголеми и поголеми, кога гледаме како криминалот и корупцијата цветаат, справување со Ковид пандемијата воопшто и да немртии би можела да го добие мандатот, изјави Заев.
Заев мандатот од Пендаровски го доби врз основа на известување дека преговарал за да собере парламентарно мнозинство. Лидерот на СДСМ потврди дека се уште не собрал 61 пратеник, и најави дека продолжува со преговорите, изразувајќи надеж дека најмногу 20 дена ќе успее да состави Влада.
-Токму тие 20 дена се нашиот мегдан да успееме да формираме Влада, а со тоа да обезбедиме и парламентарно мнозинство најмалку од 61 пратеник. Секако за стабилна Влада тоа значи секоја бројка повеќе, која што ќе поддржи програма кадри, кандидати, би била сериозна голема гаранција за стабилна Влада од четири години, изјави Заев.
Во Вила Водно покрај Заев беше и Мицкоски. Пендаровски кажа дека бил изненаден од начинот на кој била организирана средбата со опозицискиот лидер. Претседателот на прес конференција по средбата со Мицкоски, призна дека мандатот го дал без доказ за мнозинство, најави дека доколку Заев не ја состави Владата, мандатот ќе и го дадел на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Но си даде и свое сценарио што доколку никој не состави парламентарно мнозинство. Според неговите зборови доколку во тој случај не се самораспушти Собранието, Оливер Спасовски ќе биде премиер во наредните четири години.
-Ако не успее господинот Заев да направи мнозинство, и ако потоа дојде по бројот на освоени мандати, господинот Мицкоски да бара мандат, јас ни нему нема да му барам 61 нотарски заверена изјава, или 61 потпис од пратеници, бидејќи мислам дека тоа е нехумано, изјави Пендаровски
Со добивањето на мандатот Заев има 20 дена да состави Влада, доколку не успее во тоа, истиот ќе мора да го врати назад кај претседателот на Македонија Стево Пендаровски.
Матеја Петровски