Уставниот суд го отфрли барањето на Каракамишева за повреда на правата и слободи со Договорот од Преспа

Уставниот суд го отфрли како неосновано барањето за заштота на слободите и правата на професорката по уставно право Тања Каракамишева, која во 2019-та реагираше дека со потпишување на Договорот од Нивици и се повредени правото за забрана од дискриминација и правото на слобода на мисла и изразување. Во изјава за Алфа професорката вели дека не е изненадена од како што ја нарече оваа политичка игранка во која јасно се испраќа и пораката до македонскиот народ дека не постои институција во која ќе можат да ги бараат своите права.

-Сосема очекувано, и кога поднесов граѓанска тужба до Основен суд 1, а потоа по жалба на Одлуката на Основен до Апелација каде што мојата жалба беше одбиена, како апсолутно ненадлежни судовите се прогласија и ме упатија да го доставам барањето за заштита на моите права пред Уставен суд, јасна ми беше целата игранка, но не отстапувам од она што сум сигурна дека со Договорот од Преспа и со дејствијата што беа преземени се повредени не само моите лични и неотуѓиви права, туку и правата на сите Македонци и тоа ќе го докажам пред многу повисоки инстанци, вели Каракамишева.

Според уставниот судија Осман Кадриу преставката на Каракамишева се одбива бидејќи нејзиното барање кое се однесува на конкретниот Договор не претставувала индивидуален акт за да бидат повредени индивидуални права.

–Врз основа на поединечност, подносителот овде се повикува на конечната спогодба и на начин на кој е елаборирано, спогодбата не претставува индивидуален акт. Спогодбата и преземените дејствија во сите фази не станува збор за индивидуални дејствија со кои може да бидат повредни индивидуални права на поедини индивидуи, групи граѓани или правни лица-изјави Кадриу.

Каракамишева вели дека нема да биде изненадена доколку ваквото сценарио се повтори и при евентуални поднесени преставки за Договорот со Бугарија, односно по нивното барање за отворање на Уаставот… Јасно е сценариото кое се спроведува, а целта е да се демотивираат македонските граѓани дека ниту една нивна преставка и тужба нема да бидат одговорени на начин на кој очекуваат, децидна е професорката.

Битката за докажување на повредата на човековите права и слободи професорката Каракамишева ќе ја продолжи и преку Судот за човекови права во Стразбур.

Ивана Соколовиќ Најдова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста