Ќе јадеме ли поскап леб, мелничарите бараат поскапување за да не банкротираат

Замрзнатите цени на лебот удрија по мелничарите. Се жалат дека трошоците за прозводство им се зголемени – струјата, нафтата, транспортот. Стопанствениците велат – Владата нека ни помогне на нас, за ние како сериозна индустрија да можеме да преживееме.

Ако цената на лебот не претрпи корекција, мелничарите се жалат дека ќе банкротираат. Велат поскапата струја, но еден куп давачки биле главната причина за евентуалното ново поскапување на лебот. Иако од Владата рекоа дека цените ќе останат замрзнати до крајот на месецов, сепак во некои пекари продаваат леб по повисока цена за неколку денари. Стопанствениците чии цени на производи беа замрзанти, сметаат дека мерката не треба да биде продолжена, зашто трпат сериозни штети, но и размислуваат да стават клуч на компаниите ако државата не им помогне за време на криза.

  • Ние како сериозна индутрија мора да размислуваме за да опстанеме. Поскапување да, зашто се е заминато на горе – од струја, гориво, трошоци, и се по ред, ако нема покачување тешко дека ќе се издржи вака. Бараме од Владата да ни помогне, сме збореле со министерството за економија, но се уште чекаме од сите страни одговор, вели меѓу другото за Алфа Горан Малишиќ, од Групацијата на мелничко-прехрамбена индустрија.

Ќе јадеме ли поскап леб од наредниот период, се уште е неизвесно. Од Владата за Алфа велат дека мерката ќе се продолжи до крајот на месецов. Замрнувањето на цените важи до крајот на февруари.

  • Минатата недела Владата донесе одлука со која цените на основните прехранбени производи, вклучително и лебот, остануваат замрзнати до крајот на февруари 2022 година, велат од Владата на за Алфа.

Инаку, на крајот од минатата година, државата одлучи да ги замрзне цените на лебот, шеќерот, маслото, брашното, млекото, сирењето, месото, јајцата и оризот.

Во соседството, конкретно и во Србија се донесе мерка за замрзнување на цените и тоа три месеци. Во Хрватска, пак, од одредени индустрии најавија зголемување на цените од најмалку 30%, но секаде паралелно растат и платите, за разлика од кај нас каде сме заковани на дното во Европа.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста