Нов ценовен шок за граѓаните – поскапите горивата удираат врз џебот на сите, од Владата молк
Со најновото поскапување на горивата, автомобилите за мнозинството граѓани на Македонија стануваат луксуз. Безоловниот бензин ја надмина психолошката граница од 80 денари за литар, а дизелот отиде над 71 денар.
„Изгор“ цени на бензиските пумпи. Горивата поскапуваат, граѓаните бесни на државата зашто не прави ништо да им помогне. Граѓаните се жалат дека цената на горивата во однос на платите и давачките, сериозно удира врз нивниот џеб. Велат дека едвај крпат крај со крај.
- Катастрофа. Ова до сега е најскапо од се, мислам дека државата не прави ништо за да не заштити, а камо ли да ни помогне. Срамота е ова, не можеме ни да возиме, ниту пак да работиме. Власите си мислат само на себе, не го гледаат ни народот, ни пак работникот, тешко многу ќе издржиме, се оди на горе, лошо многу, се жалат граѓаните кои речиси цел ден се „на волан“.
Oд Регулаторната комисија се праваат дека цената на горивата ја одредувала берзата.
- Последната одлука на РКЕ со која се вршизголемување на малопродањните цени на нафтените деривати е резултат на зголемените берзански цени од изминатата недела. Методологијата која се применува за пресметувње на највисоките малопродажни цени за одделни нафтени деривати, е речиси идентинтични кај сите земји кои се зависно убозни од суровата нафта, велат од РКЕ.
Од денеска на бензинските пумпи се точи гориво по зголемени цени. Според новиот ценовник ЕУРОСУПЕР БС – 95 чини 79,5 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС – 98 е 81,5 денари за литар. Литар дизел чини 71,5 денари.
Споредба со цените на горивата во соседството, но и во земји од Европската Унија покажува дека Македонија сериозно се приближи на европскиот просек на цени на нафтените деривати, а платите остануваат заковани на дното.
Колку за споредба, за 6 години литар дизел во Македонија стана поскап за 32 денари. Во 2016, дизелот се продаваше за 39 денари за литар, Еуросупер БС-95 за 57 денари, а Еуросупер БС-98 59 денари за литар.
Инаку, во цената на горивата влегуваат и 22 денари акциза кои одат во државниот буџет, но засега од Владата молк за тоа дали се планира намалување на акцизата на горивата.
Освен акцизата, со секој литар гориво се плаќаат речиси 5,5 денари трошоци за работење преку склад и трговска маржа, 0,75 за транспорт, за животна средина 0,80 и за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати речиси 1 денар.
Од соседните земји најевтино е горивото во Косово и во Албанија. Така, во Косово бензинот и дизелот чинат по едно евро, додека во Албанија 95-ката е 1,20 евра, а литар дизел се продава за 1,16 евра.
Литар бензин 95 во Бугарија чини 1,19 евра, а бензинот од 98 октани е 1,38 евра, додека литар дизел чини 1,12 евра. Во Хрватска 95-ката е 1,51 евра, 98-мицата е 0,26 евра, а дизелот 1,5 евра. Во Србија бензинот од 95 октани е 1,44 евра, од 98 октани е 1,53 евра, а дизелот е 1,52 евра.
Борис Грујоски